Фудбал
Дарко Чурлинов се договорил со Андерлехт, се чека „зелено светло“ од Штутгарт?!
Голема е веројатноста до крајот на предиот рок македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов да се пресели во редовите на гигантот од Белгија. Наводно Андерлехт веќе ги договорил условите со Македонецот, а останува уште да се договорат околу цената за обештетувањето со Штутгарт. Со оглед на тоа дека германскиот тим не смета сериозно на неовите услуги, а Андерлехт подготвува понуда од околу 5 милиони евра, не би требало да има проблем во реализацијата на овој трансфер .

Чурлинов минатата недела беше поврзуван со трансфер во тимот од Чемпионшип дивизијата Барнли кој нудеше 3 милиони евра отштета.
Минатата сезона, Дарко Чурлинов ја помина во редовите на Шалке кој иако се врати во Бундеслигата, поради финансиски проблеми, немаше пари да го откупи договорот на Македонецот со Штутгарт.