Connect with us

Фудбал

Шкендија вечерва во обид да го елиминира шведски АИК

Eкипата на Шкендија ќе го пречека АИК Стокхолм во реванш-натпреварот од третото квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига.

На првиот натпревар во Стокхолм, тетовци одиграа 1:1 и со поволен резултат ќе влезат на возвратниот меч на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тренерот на македонскиот претставник, Артим Шаќири, смета дека двете екипи влегуваат со еднакви шанси за пласман во плејофот.

– Со подеднакви шанси влегуваме во реваншот со шведскиот тим. Верувам дека на крајот ние ќе се радуваме. Имаме добар резултат од првата средба, но сега ќе биде многу поразлично. Како фудбалер имам играно две години во Шведска и добро го познавам нивниот стил, истакна Шаќири на прес-конференцијата.

Натпреварот ќе почне во 20 часот.