Фудбал
ПСЖ во последните денови од преодниот рок подготвува спектакуларен трансфер, не им е гајле за цената?!
Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар е голема желба на ПСЖ. Шкриниар има 27 години и има договор со Интер до 2023 година, па ова е шанса за нероаѕурите добро да заработат, бидејќи вреди најмалку 65 милиони евра, колку што наводно нуди ПСЖ.
Од друга страна, во редовите на Интер треба добро да размислат, бидејќи Словакот е еден од клучните играчи.

ПСЖ и претходно го имаше Шкринар на својот радар, но не успеаја да се договорат со Интер, но сега се решени да одат до крај без разлика на конечната цена.
Шкриниар дојде во Интер во 2017 година од Сампдорија, а моментално е капитен на словачката репрезентација за која одигра 54 натпревари и постигна три гола.