Connect with us

Фудбал

Шампионот го промовираше Енис Барди (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди и официјално има нов клуб. Турскиот шампион го промовираше како најново големо засилување. Барди со Трабзонспор потпиша договор до 2025-та година, а според информациите целиот трансфер е со вредност од 10 милиони евра, вклучувајќи и бонуси. Како што е познато претходно за Фенербахче потпиша Езгјан Алиоски.

Барди за прв пат во својата кариера ќе игра во Лигата на шампионите, а тоа ќе му го овозможи трансферот во Трабзон.