Connect with us

Фудбал

Готово е, Штутгарт ја прифатил понудата, Дарко Чурлинов се сели во Англија кај Винсент Компани

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе биде нов играч на англискиот тим Барнли, кој се натпреварува во Чемпионшип, или втората лига на Англија. Според информациите Барнли ја зголемил првичната понуда од 4,5 милиони евра со бонуси на 5 милиони евра, според иста формула, а Штутгарт ја прифатил. Наводно и Чурлинов ги договорил личните услови, па се очекува во следните 24 часа да отпатува во Англија на лекарски прегледи и да го потпише договорот.

Инаку, тренер на Барнли е познатиот поранешен дефанзивец на Манчестер Сити, Винсент Компани.