Фудбал
Хаос во неговиот дом, напаѓач на Барселона ограбен и претепан
Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг (33) утрово бил претепан и ограбен во неговиот дом. Четворица вооружени мажи упаднале во домот на ѕвездата на каталонскиот клуб. Го тепале со метални шипки, му се заканувале со пиштоли нему и на неговото семејство и го ограбиле.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Обамејанг изгубил огромно количество накит. Крадците успеале да стигнат до сефот и одзеле се што имало во него.
Не се знае какви повреди се здобил фудбалерот на Барселона.
Крадците побегнале од местото на настанот со бело Ауди А3. Полицијата веќе започнала истрага и трага по сторителите на ова дело.
Обамејанг сакаше да го истакнува своето богатство на социјалните мрежи. Има бројни фотографии на кои ужива во луксуз, па веројатно затоа и бил цел на нападот.
Овој грабеж може само дополнително да ја зајакне желбата на габонскиот фудбалер да го напушти клубот. Претходните денови беше во преговори со неколку екипи. Многу се зборуваше за негово враќање во Англија. Челзи беше исклучително заинтересиран за негово доведување и сигурно е дека по нападот и грабежот Аубамејанг ќе бара начин да ја напушти Барселона.
Обамејанг стана член на каталонскиот клуб во февруари оваа година. Тој одигра вкупно 24 натпревари и постигна 13 гола.