Connect with us

Фудбал

Италијанскиот тим Милан продаден за 1,2 милијарди евра, меѓу инвеститорите е и Леброн Џејмс

Славниот италијански тим Mилан е продаден на американскиот инвеститор „РедБирд Капитал Партнерс“ за 1.2 милијарда евра. Ова е потврдено од самиот тим на веб страната и социјалните мрежи.  Со оваа потврда завршен е процеост на промена на сопствениците кој сега веќе поранешниот сопственик „Елиот“ фондот сакаше да ја направи подолго време.

„Ред Бирд“ има удели во Бостон Ред Сокс, Ливерпул и Њујорк Сити, а меѓу инвеститорите е и Леброн Џејмс кој нема да има директна сопственост туку тоа ќе го направи преку вложување во фонд.