Фудбал
Гоооол, Елиф Елмас стрелаше на првиот меч сезоната како стартер (ВИДЕО)
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот прв гол во дресот на Наполи во новата сезона и тоа на првиот натпревар како стартер. Како што е познато, на претходните три меча, тој влегуваше во игра од клупата за резервни фудбалери.
Вечерва почна од почеток против Лече и стрелаше во 27-та минута на асистенција на Политано. Резултатот е 1:1 во моментов, а вреди да се напомене дека на 0:0 гостите не реализираа пенал.