Фудбал
Играше за три италијански гиганти, а сега продава Панини сликички за да заработи (ВИДЕО)
Животот понекогаш знае да биде суров, особено за фудбалерите кои играле во времиња кога фудбалот бил побавен и помалку бизнис. Во фудбалот не се правеле секогаш пари како што се случува денес. Во последните 15-тина години цените на фудбалерите вртоглаво пораснаа, покрај сето тоа тие заработуваат огромна сума пари од платите.
Некои од најдобрите играчи на денешницата заработуваат повеќе за плати отколку што клубовите трошеле на годишна плата на целиот тим пред неколку децении.
Токму поради оваа причина, не е изненадување што некои играчи кои беа пред две или три децении се соочуваат со финансиски проблеми и она што го заработуваат не е доволно за да ги прехранат нивните семејства.
Таков е случајот со Лионело Манфредониa, поранешен фудбалер на три италијански гиганти, Лацио, Јувентус и Рома. Има навистина малку играчи кои можат да се пофалат со ваква кариера.
Манфредониa најголемиот дел од кариерата го помина во Лацио, а потоа играше за Јувентус во време кога Старата дама беше најдобриот тим на светот. Тоа беше во 1985 година кога беше освоен Интерконтиненталниот куп.
Тој беше миленик на покојниот Џани Ањели. Легендарниот претседател на Јувентус секое утро редовно му се јавувал и кажувал дека е посебен на свој начин.
Сепак, неговата кариера не ја одбележа авантурата во Јувентус, туку уште два немили настани. Додека го носеше дресот на Лацио, тој беше суспендиран на три години бидејќи учествуваше во местење натпревари во раните 80-ти во познатиот скандал Тотонеро.
-Јас и Бруно Џордано отидовме во погрешен ресторан и никој не не советуваше да ги смениме местата. Во суштина, бевме наивни, се вклучивме во ситуација која воопшто не ни припаѓаше. Ни дадоа тригодишна суспензија (скратена со амнестија затоа што Италија го освои Светското првенство во 1982 година) затоа што не сакавме да станеме шпиони“, рече Манфредониa.
.
Тој ризикуваше смрт на теренот затоа што имаше срцев удар во декември 1989 година додека гостуваше во Болоња. Тогаш се играше на -5 степени, а животот му го спаси поранешниот играч на Лацио Џордано со кој беше вмешан во скандал со наместени натпревари. Веднаш потоа се прости од копачките.
По завршувањето на кариерата се занимава со тренерска работа. Извесен период беше тренер на младинските категории на Бреша, каде доби отказ.
Финансиската ситуација станала потешка, па решил да отвори фудбалска академија за индивидуална работа со момчиња, каде овој 65-годишник бил ангажиран како инструктор.
Фотографија на која препродава и разменува историски сликички од популарниот албум Панини почна да кружи на интернет со цел да заработи дополнителни пари.
Во текот на кариерата, играше на позицијата дефанзивен играч за врска, беше вистински работник на теренот со добра техника.