Connect with us

Фудбал

Борусија Дортмунд со старт каков што посакуваа, го разбија Копенхаген (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд имаше успешен старт на групната фаза од Лигата на шампионите. На домашен терен на премиерниот меч го совладаа Копенхаген со убедливи 3:0. Ројс во 35-та, Гереро во 42-ра и Белингам 83-та донесоа убедлива победа. Гостите во 89-та постигнаа гол, но истиот беше поништен поради офсајд позиција по консултацијата со ВАР собата.

Манчестер Сити и Севиља се тимовите кои се наоѓаат во истата група, а меѓусебниот меч го играат вечерва од 21часот.