Фудбал
Адеми по сензационалната победа: Не беше Челзи слаб, толку му дозволивме!
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја понесе наградата за најдобар играч на мечот во победата на неговиот Динамо Загреб против Челзи од 1:0. Ова беше сензационална победа и изненадување на вечерта во конкуренција на сите мечеви кои се играа.
По мечот, Адеми со изјава:
-Покажавме дека сме силен тим, тоа се знаеше и порано, сега само го демонстриравме против европски гиганти. Имавме и грешки, но одигравме добро. Петковиќ и Оршиќ беа одлични. Заслуживме да победиме, не беше Челзи слаб, ние толку му дозволивме да игра, изјави Адеми.