Фудбал
Сфати дека Анчелоти нема да го внесе во игра, а потоа направи хаос на клупата (ВИДЕО)
Вчера Реал Мадрид ја победи Мајорка со 4:1 во натпреварот од 5. коло на шпанската Ла Лига. Кралскиот клуб успеа да дојде до нови три бода иако Мајорка имаше водство на Сантијаго Бернабеу. Сепак, Реал успеа да оствари пресврт и на крајот убедлива победа од 4:1.
Гостите поведоа со голот на Муриќи, но Реал до крајот на првото полувреме преку Валверде израмни на 1:1. Во вториот дел остварија целосен пресврт со головите на Винисиус, Родриго и Рудигер.
Сепак, вчера не сите играчи на Реал Мадрид беа воодушевени од оваа победа, а особено се истакнува Марко Асенсио.
Асенсио не доби шанса за настап ниту вчера, што јасно му покажа на Карло Анчелоти дека навистина не е во неговиот прв план.
Летово многу се шпекулираше дека Асенсио сака да го напушти Реал бидејќи не бил задоволен од минутажата, но на крајот ги изненади сите со тоа што реши да се предомисли и да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, очигледно е дека Асенсио веќе жали за ваквата одлука, што најдобро се виде на вчерашниот натпревар.
Имено, Асенсио се загреваше во вториот дел и се подготвуваше за влез, но откако увиде дека Анчелоти ги искористил сите пет измени, налутено се врати на клупата и почна да удира по столчињата за резервните играчи, и ги фрли работите наоколу.
На Твитер се појави видео кое најдобро покажува колку Асенсио бил бесен што Анчелоти не го пушти во игра, а навистина нема да биде изненадување ако ги спакува куферите и го напушти клубот веќе во јануари.