Фудбал
Фудбалерите на ПСЖ со воодушевување пречекани во Израел, но еден од нив мина низ „пекол“ од навивачите
ПСЖ забележа рутинска победа на гостувањето кај Макаби со 1:3, иако домашните први поведоа. Со оглед на големиот број на ѕвезди во својот тим, фудбалерите на ПСЖ беа пречекани со големо воодушевување од домашната публика, што е и очекувано бидејќи не секој ден на гости доаѓа тим како шампионот на Франција.
Посебен прием секако имаше за на Лионел Меси, на кого момчињата гледаа како на натчовечко суштество, што доволно говори за популарноста на аргентинскиот фудбалер.
Hoy el jugador de PSG Hakimi fue abucheado cuando entro en el minuto 83 por la hinchada del Maccabi Haifa por haber apoyado a Palestina en sus redes sociales. El marroqui entra haciendo el gesto de que se tapa el oido. pic.twitter.com/Ec0Y9lp3uS
— Palestina Hoy 🇵🇸 (@HoyPalestina) September 14, 2022
Сепак, гостувањето во Израел за сите играчи на ПСЖ не беше толку идилично, поточно Ашраф Хакими доживеа пеколен пречек од домашната публика.
Хакими е познат по своите ставови кога е во прашање израелската агресија на Палестина, а навивачите на Макаби очигледно тоа не го заборавиле.
Кога тој влезе во игра, навивачите на Макаби гласно го исвиркаа мароканскиот десен бек, кој се фати за уши како да гестикулира дека не ги слуша.
На претходното гостување во Израел, кога ПСЖ го играше натпреварот од Суперкупот на Франција, Хакими беше пречекан на сличен начин, па може да се каже дека го очекуваше ова.