Фудбал
Бобан Николов конечно има нов клуб!
Романскиот тим Стеауа ќе биде новиот клуб на македонскиот репрезентативец Бобан Николов. Ова го откри првио човек на клубот Џиџи Бекали за романските медиуми.
– Можам да потврдам дека имаме договор со Николов, тој е наш фудбалер. Постигнавме договор на една година, но можеби ќе остане и повеќе, изјави Бекали.
Николов го нема на списокот на селекторот Милевски за мечевите со Грузија и Бугарија.
Последниот клуб на Николов беше Лече каде се пресели во 2021 година од Мол Види, но не успеа да се наметне во италијанскиот тим.