Connect with us

Фудбал

Реакција на Нејмар која сигурно ќе ги зголеми уште повеќе шпекулациите (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил вчера во пријателски натпревар ја победи репрезентацијата на Гана со 3:0. Во триумфот на Кариоките одличен беше Нејмар. Тој забележа две асистенции за Ричарлисон, а покрај напаѓачот на Тотенхем погоди и Маркињос.

По натпреварот Нејмар беше изложен на некои навистина чудни прашања од печатот. Повеќето луѓе беа заинтересирани за неговиот однос со Килијан Мбапе наместо за играта.

Изминатиов период многу се зборуваше за конфликтот меѓу двете ѕвезди на ПСЖ. Наводно меѓу нив владее исклучително сурова атмосфера и затоа не сакаат да се гледаат на теренот.

Нејмар не сакаше да одговара на прашања за клупскиот колега. Откако беше замолен да ја коментира врската со Мбапе, Бразилецот го промени изразот, само се сврте и се оддалечи од печатот.

Многумина овој потег го протолкуваа како доказ дека нешто не е во ред меѓу нив. Сепак, Нејмар очигледно чувствуваше дека нема потреба да зборува за Мбапе додека беше во репрезентацијата на Бразил и прашањето беше дефинитивно непотребно во овој момент.