Фудбал
Си беше еднаш, еден Кристијано Роналдо…
Еднаш одамна имаше еден Кристијано Роналдо. Тоа е можеби реченицата која најдобро ја опишува состојбата во кариерата на еден од најдобрите светски фудбалери. Роналдо не само што не игра во стартниот тим на Манчестер Јунајтед, туку и престана да добива шанса од клупата.
Долго се зборуваше за неговото заминување од клубот, а по последното омаловажување кое го претрпе, речиси сигурно е дека ќе го напушти клубот во јануари.
Тој во последниот преоден рок јасно им стави до знаење на раководството на клубот дека сака да си оди, но тогаш тоа не му беше дозволено.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Ерик тен Хаг успеал да ја обедини соблекувалната на Манчестер Јунајтед, и да формира група од четири лидери на тимот.
Тоа се капитенот Хари Мегваер, Бруно Фернандес, Давид де Хеа и секако сите очекувавме четвртото име да биде Кристијано Роналдо, но тоа не е така.
Роналдо е понижен и тој, иако е најдобар играч на светот покрај Меси, не е меѓу тие играчи и наместо него ни повеќе ни помалку е Том Хитон.
Се вели дека Бруно Фернандес и Том Хитон формираат дуо кое игра клучна улога кога станува збор за сите работи поврзани со соблекувалната.
Навистина е неверојатно што меѓу тие играчи го нема Кристијано Роналдо, а токму тоа е показател дека во јануари ќе стане поранешен играч на овој клуб.
Се чини дека има само едно прашање, а тоа е каде Кристијано Роналдо ќе ја продолжи кариерата од јануари.