Connect with us

Фудбал

Ова не можевте да го видите на телевизија, ѕвездата на Реал Мадрид „фатена“ во интересна ситуација (ВИДЕО)

Реал Мадрид е една од петте екипи кои имаат максимален учинок по воведните три кола во Лигата на шампионите. По победите против Селтик и Лајпциг, Кралскиот клуб синоќа на својот стадион го совлада украински Шахтјор со 2:1 со головите на Родриго и Винисиус.

Карло Анчелоти на овој меч направи само две измени. Камавинга и Асенсио ја добија својата шанса во вториот дел кај Реал, додека останатите резерви, меѓу кои и Антонио Рудигер, мечот го следеа од клупата за резерви.

Германскиот дефанзивец беше снимен во необична ситуација по натпреварот. Камерите го фатија со кутија пица во раката, која ја јадеше додека шеташе низ микс зоната.

Ова е невообичаено, особено за врвните спортисти кои имаат строги диети и често имаат свој личен готвач или готвач обезбеден од клубот.

Инаку, Реал Мадрид ја брани титулата европски првак, а следниот меч кој го игра во 4. коло на 11 октомври во Варшава би можел да им донесе сигурен премин, доколку повторно го победи клубот од Доњецк.