Connect with us

Фудбал

Во Барселона загрижени: Баерн Минхен намерно ќе загуби од Интер за да ни се одмазди!

Вечерва и утре продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите. Една од поинтересните групи секако е онаа каде што се екипите на Баерн Минхен, Интер, Барселона и аутсајдерот Викторија Плзен.

По три кола, лидер е Баерн со максимални 9 бодови, Интер има шест, откако ја совлада Барса минатата недела, Каталонците имаат три, а Викторија е без бод. Утре, Барса на домашен терен игра против „Нероаѕурите“, а Баерн и гостува на Викторија Плзен.

Според математиките, Барса утре вечер ќе треба да го победи Интер за да се израмни со бодови и да се врати во трката за второто место на табелата, бидејќи се чини дека првото е „резервирано“ за германскиот тим.

Дејли Мејл пишува дека фудбалерите на Барселона биле загрижени. Како што им соопштил извор директно од соблекувалната на каталонскиот тим, во Барселона се убедени дека во последното коло, кое ќе одлучува се, Баерн Минхен намерно на домашен терен ќе го пушти Интер да победи, за да биде елиминирана Барса од ЛШ.

Причината наводно е трансферот на Роберт Левендовски, па наводно германскиот тим на тој начин ќе им се одмазди на Каталонците за земањето на нивниот најдобар играч.

Во последното коло Баерн го пречекува Интер, а Барселона игра против Викторија Плзен. Но, сепак многу нешта ќе зависат од утрешниот меч на „Камп Ноу“. Ако не победи Барселона против Интер, тогаш големи се шансите последното коло да не одлучува многу.