Фудбал
Пиоли: Мојот англиски не е баш добар, ама судијата разбра што мислам за него (ВИДЕО)
Тренерот на Милан, Пиоли е незадоволен од поразот од 0:2 од Челзи на домашен терен. Пред се тој смета дека црвениот картон доделен на Томори во 18-та минута и досудениот пенал во корист на гостите беа престрого доделени.
-Не треба да ги гледам снимките, пеналот и црвениот картон беа прелесно свирнати. По мечот му кажав на судијата што мислам за него. Мојот англиски не е најтечен, но мислам дека ме разбра што му кажав, изјави Пиоли по мечот.