Фудбал
Јунајтед го совлада Тотенхем, но цел свет зборува за потегот на Роналдо и непочитувањето на клубот (ВИДЕО)
Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Тотенхем во дербито на колото со 2;0. Сепак, победата остана во сенка на потегот кој го направи Кристијано Роналдо. Имено, тој воопшто не доби шанса за настап на овој меч од тренерот Тен Хаг, па неколку минути пред да биде означен крајот на натпреварот, замина во соблекувалната.
Овој негов потег во Англија е окарактеризиран како непочитување на клубот, а претрпе и многу критики. Сепак, ова е уште еден доказ дека Роналдо веројатно е со едната нога надор од Олд Трафорд.
.