Фудбал
Неверојатно, Украинците бараат тие да играат на Мундијалот наместо Иран!?
Фудбалскиот клуб Шахтјор од Доњецк денеска побара од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да го исфрли Иран од Светското првенство во Катар, поради наводната воена поддршка на таа земја на Русија во инвазијата врз Украина.
Директорот на Шахтјор Сергеј Палкин во денешната изјава го обвини Иран за „директно учество во терористички напади против Украинците“ и ја повика ФИФА и целата меѓународна заедница веднаш да ја исфрлат репрезентацијата на оваа земја од Светското првенство.
„Додека лидерите на Иран се забавуваат гледајќи ја нивната репрезентација како игра на Светското првенство, Украинците ќе бидат убиени од ирански беспилотни летала и проектили“, рече тој, сугерирајќи дека репрезентацијата на Украина треба да игра на Светското првенство наместо Иран.
„Тоа би била историски и спортски оправдана одлука“, додаде Палкин, еден ден пред гостувањето на Шахтјор кај Селтик во Лигата на шампионите.
Фудбалската репрезентација на Иран на Мундијалот се пласира во групата Б со Англија, САД и Велс.
Светското првенство во Катар е закажано од 20 ноември до 18 декември.