Фудбал
Од херој до најголем проблем на Динамо, Хрватите „удрија“ по нашиот Адеми
Динамо Загреб загуби од Милан со 0:4, па во последното коло треба да се надева на чудо, односно да го победат Челзи, а Салцбург да загуби од Милан, за да го освојат третото место и да обезбедат европска пролет во Лига Европа.
Но, она што е чудно е тоа што хрватските медиуми по овој меч „удрија“ по нашиот Арјан Адеми. Како што велат тие, тој е најголемиот проблем на Динамо Загреб оваа сезона. Еве што друго пишуваат.
– Одличните Тонали и Бенасер немаа проблем да истрчаат покрај Јосип Мишиќ, кој неуспешно се обидуваше да закрпи огромни дупки на средината на теренот. Ако на Тонали и Бенасер им се придружи Де Кетелаере, Мишиќ немаше апсолутно никакви шанси. Најконстантниот играч на Динамо играше сам во средниот ред. Тој и Адеми требаше да бидат блок пред последната линија на која требаше да се приклучи Иванушец, но тој и Адеми никаде ги немаше. И тоа не е прв пат.
Адеми тешко го поднесува ритамот на натпревари
Но, најголемиот проблем на Динамо оваа сезона е Аријан Адеми. Живата легенда на клубот и омилена фигура во соблекувалната и клубските ходници е целосно надвор од форма. Капитенот на Динамо сепак некако играше на почетокот на сезоната, но како одминуваше сезоната и драстично се зголемуваше ритамот на натпреварите, Адеми го загуби чекорот и беше играч помал на многу важни натпревари оваа сезона.