Connect with us

Фудбал

Загревање за Баерн Минхен-Интер, како Гранде Пандев ја замолкна „Алијанц Арена“ (ВИДЕО)

Во натпревар кој нема многу резултатско значење, туку ќе се игра за престиж, Баерн Минхен го пречекува Интер. Во групата Ц во  минатото коло се беше решено, кога германскиот тим славеше над Барселона со 0:3, а со 4:0 Интер беше подобар од Викторија Плзен. Па, така во пресрет на последното коло од групната фаза, во осминафиналето од оваа група се пласираа Баерн како лидер и Интер како втор во групата.

Токму овие две екипи вечерва во Минхен ќе играат за престиж, за реномето на клубот, за навивачите. Првиот меч во Милано заврши со 2:0 во корист на Германците, а претходно овие две екипи играле уште пет пати во ЛШ, не сметајќи ги мечевите од оваа сезона. Во 2010-та Интер во финалето од ова напреварување го победи Баерн и тогаш го освои пехарот во ЛШ.

Тогаш во составот на италијанскиот тим беше и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Гранде Пандев беше во составот на Интер и на последниот меч одигран во Минхен помеѓу овие два тима. Дуелот заврши со победа на гостите од 2:3, а победничкиот гол го постигна Македонецот во 88-та минута.

Таа сезона Интер загуби дома од Баерн со 0:1, но потоа со 2:3 победи во Минхен и го елиминираше во осминафиналето.