Connect with us

Фудбал

Требаше ли Интер да добие пенал? Мане вели: Да не го направев тоа, ќе завршев во болница (ВИДЕО)

Во натпревар кој немаше резултатски императив, се играше за престиж и клубска историја, Баерн Минхен го совлада Интер со 2:0 и со максимални 18 бодови од шест меча во групната фаза се пласираше во осминафиналето од ЛШ. Интер и покрај поразот ќе се пласира во осминафиналето како втор, пред Барселона и Викторија Плзен.

Но, при резултат 0:0 имаше спорна ситуација. Барела шутираше силно, Мане ги крена рацете пред неговото лице, па околу 3 минути траеше прегледувањето на ВАР снимката. На крајот судиите одлучија дека нема пенал, што секако предизвика негодување кај тимот на Интер и бројни коментари, дали италијанскиот тим требаше да добие пенал.

Мане со изјава: Тоа беше силен удар, ако не ги кренев рацете топката ќе ме погодеше во лице и ќе завршев во болница. Мислам дека е дозволено да се користат рацете за заштита на лицето. Значи тоа не беше пенал, вели Мане.