Фудбал
Неверојатна ситуација во Лига Европа, сите четири екипи во групата со ист број бодови, а еве кој испадна?! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Феенорд го обезбедија првото место во групата Ф од Лига Европа и се пласираа директно во нокаут фазата. До првото место холандскиот тим стигна со минимална победа над Лацио на домашен терен. Но, во оваа група ситуацијата по финишот на последното коло, беше многу интересна. Имено, сите екипи ја завршија групната фаза со ист број бодови, осум. Феенорд, Лацио, Митјиланд и Штурм. Кој оди понатаму, а кој завршува.

За конечниот изглед на табелата и тоа кој ќе продолжи, а кој не одлучуваше гол разликата. Прво место му припадна на Феенорд, кој има гол разлика 13:9. Втор е Митјиланд со гол разлика 12:8. Овие две екипи обезбедија пролет во ЛЕ. Во конференциска лига се сели Лацио кој е со гол разлика 9:11. А, а последното место и збогување од Европа има Штурм со гол разлика 4:10.