Фудбал
Роналдо му намести гол, а 18-годишникот го замоли да го прослави како Португалецот, се разбира доби одобрување (ВИДЕО)
Манчестер Јунајтед славеше со 0:1 на гостувањето кај Реал Сосиедад со голот на 18-годишниот Гарначо. Ова младо момче, ако продолжи со добрите партии, сигурно го чека светла иднина. Интересен момент се случи на синоќешниот меч. Имено, за голот му асистираше Кристијано Роналдо, а овој влета по левата страна и прекрасно погоди. Откако доби честитки за погодокот од соиграчите, тој го замоли Кристијано Роналдо да го прослави во стилот на Португалецот, чија последна прослава на гол стана вирална. Секако, доби одобрување.
Инаку, во Лига Европа Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед освоија ист број бодови, по 15 и продолжуваат понатаму.