Фудбал
Судир на титаните од западен и северен Лондон, но и Дерби на Италија, пет супер интересни дерби мечеви кои мора да ги гледате викендов
Групната фаза во Лигата на шампионите и Лига Европа завршија, па клубовите се враќаат на обврските во првенството, а остануваат уште три кола пред паузата поради Светското првенство кое сите го чекаме.
Викендов пет супер интересни дерби мечеви кои мора да ги гледате. Во Премиер лигата во недела на програма се два големи дерби меча, Арсенал-Челзи и Тотенхем-Ливерпул. Во Серија А има три дерби пресметки за самиот врв. Прво во сабота Аталанта ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз на Наполи, потоа во недела во 18 часот следува римското дерби, а во вечерниот термин „Дербито на Италија“, Јувентус го пречекува Интер.
ПРЕМИЕР ЛИГА
НЕДЕЛА:
АРСЕНАЛ – ЧЕЛЗИ (13Ч)
ТОТЕНХЕМ – ЛИВЕРПУЛ (17:30Ч)
СЕРИЈА А
САБОТА:
АТАЛАНТА – НАПОЛИ (18Ч)
НЕДЕЛА:
РОМА – ЛАЦИО (18Ч)
ЈУВЕНТУС – ИНТЕР (20:45 Ч)