Фудбал
На повидок голем скандал во Бразил, селекторот им кажувал на играчите да лажираат повреди во клубовите, за да бидат спремни на Светското првенство
Фудбалерот на Фламенго, Габриел Барбоса, изнесе шокантни тврдења, кои би можеле значително да ја разнишаат атмосферата во селекцијата на Бразил пред Светското првенство, но и да предизвикаат скандал од големи размери, доколку тоа се покаже дека е вистина.
Имено, вчера се „излезе“ список од 19 имиња кои селекторот Тите сигурно ќе ги води во Катар. Во понеделник селекторот на Бразил ќе го објави конечниот список од 26 играчи, на него се очекуваше да се најде Габриел Барбоса, сепак Тите се чини реши да го пречкрта, а навредениот „Габигол“ веднаш го разоткри својот „валкан веш“. .
„Тите побара од играчите да лажираат повреди за да избегне играње за клубови во наредниот период. Барбоса го праша Тите каква повреда треба да одглуми. Тој потоа му рече дека нема потреба да лажира ништо бидејќи нема да го земе на Светското првенство“, пишуваат бразилските медиуми.
Да потсетиме, Ричарлисон и Лукас Пакет претходно беа „повредени“, или, сепак, беа повредени, но се очекува да бидат подготвени за Мундијалот.
До почетокот на Светското првенство во Катар остануваат уште точно 15 дена. Бразил е во групата Г, заедно со Србија, Швајцарија и Камерун.
Србија на 24 ноември во рамките на првото коло ќе игра против Бразил.