Connect with us

Фудбал

Спалети: Го немавме Кварацхелија, но тука беше Елмас

Наполи славеше на тешкото гостување кај Аталанта со 1:2, во пресметката на првиот и вториот на табелата. Сега со оваа победа избраниците на тренерот Спалети „избегаа“ на лидерската позиција со 35 бодови, шест повеќе од Милан кој е втор, или осум повеќе од Аталанта која е на третото место. Наполи сезонава во Серија А нема пораз.

Спалети задоволен, иако пред мечот не можеше да смета на Кварацхелија, фудбалерот кој е можеби клучниот оваа сезона за добрите резултати.

-Тој има болки во грбот по ударот што го доби од Александар Арнолд на мечот со Ливерпул. Се чинеше дека може да игра, но пред мечот видовме дека не е целосно опоравен. Иако велат дека тој е играчот кој не носи оваа сезона, сепак ние сме тим. Елиф Елмас одлично го замени. Во секој случај, нема да стигнете никаде ако мислите дека имате само еден играч, вели Спалети.

Токму Елиф Елмас на еден од ретките мечеви сезонава како стартер го реши победникот во Бергамо. Тој постигна гол во 35-та минута за 2:1 во корист на Наполи, резултат кој до крајот не се промени.