Фудбал
Наполи добил понуда за Елиф Елмас, но експресно ја одбил!
Наполи сезонава игра одлично. Со максимален учинок се пласираа во осминафиналето во ЛШ, во Серија А се први со 35 бодови, без ниту еден пораз, а многумина веруваат дека овој состав може до титулата. Веројатно и од таму е потегот на раководството и стручниот штаб да не го „руши“ тимот. Имено, италијанскиот новинар Чиро Венерто, Бенфика испратила понуда 18 милиони евра да го купи нашиот Елиф Елмас, но понудата била експресно одбиена. За потсетување Елиф Елмас дојде во Наполи од Фенербахче за речиси 17 милиони евра.