Фудбал
Се случи првото чудо во Катар, Саудиска Арабија преку пресврт ја шокираше Аргентина (ВИДЕО)
Селекцијата на Саудиска Арабија го направи најголемото изненадување на третиот ден од Светското првенство во Катар. Со 2:1 славеше против тоталниот фаворит Аргентина. Победата има уште поголемо значење, ако се додаде фактот дека е обезбедена преку пресврт.
Аргентина одигра слабо, особено во второто полувреме. Првиот дел каде што доминираа, беа конкретни, поведоа преку дискутабилен пенал во 10-та минута, го изведе Меси. Во првиот дел три голови и беа поништени на Аргентина поради офсајд, еден на Меси и два на Лаутаро Мартинез. Секако оправдано.
Во вториот дел, во 48-ма и 53-та шок за Аргентина. Саудиска Арабија преку Шехри и Давсари, кој патем речено постигна прекрасен гол, прави пресврт и поведува со 2:1. До крајот на мечот Саудијците добро, организирано се бранеа, а Аргентина некако без „душа“.
Во судиското продолжение Ал Шахрани беше тешко повреден откако се суддри со својот голман, имаше подолг прекин, па поради тоа се играа вкупно 15 минути продолженија. Но, ниту таму Аргентина не успеа да создаде сериозна шанса за гол.
Од оваа група Мексико и Полска играат попладнево во 17 часот.