Connect with us

Фудбал

Хаос во тимот на Белгија, Лукаку спречил тепачка помеѓу Де Брујн, Азар и Вертонген

На Мундијалот во Катар дефинитивно Белгијците не играат на своето ниво, во првото коло претрпеа шокантен пораз од Мароко, а во второто едвај ја победија Канада со минимален резултат.

Сигурно е под очекувањата за ваков тим, а сега се знае зошто Белгијците не личат на себе. Квалитетот на фудбалерите е непобитен, но атмосферата во соблекувалната на „црвените ѓаволи“ е катастрофална.

Белгиски „RTL“ објави шокантна информација од таборот на Белгија. Имено, Кевин де Бруин, Еден Азар и Јан Вертонген најпрвин влегоа во вербален конфликт, па се оттурнаа, а поголема катастрофа спречи Ромелу Лукаку кој ги раздели вжештените соиграчи.