Connect with us

Фудбал

Каков расплет: Австралија е во осминафинале, Данска во солзи, Тунис храбро се бореше против Франција

Каков само возбудлив ден на СП во Катар, во третото коло од Групата Д. Тука Франција со двете победи против Данска и Тунис и 6 бода уште пред ова коло обезбеди пласман во осминафиналето.

Се чекаше вториот патник. Во пол позиција беше Австралија која имаше 3 бодови, а денеска само го потврди пласманот. Имено, Австралија, на која малку шанси и се даваа пред почетокот на СП, се пласираше во осминафиналето со шест освоени бодови, откако попладнево ја совлада фаворизираната Данска. Стрелец на голот беше Метју Леки во 60-та минута. Попусто Данците имаа целосна иницијатива, попусто редеа шанси, кога не постигнаа гол.

На вториот меч Тунис ја победи Франција 1:0. Тунижаните водеа до 98-ма минута, стрелец на голот за водство од 1:0 беше Казри во 58-ма минута, а во 98-ма минута Гризман израмни на 1:1. Сепак ВАР го поништи голот и Тунис дојде до голема победа која сепак не ги однесе во осминафинале. За волја на вистината Франција на овој меч настапи со доста изменет состав во однос на претходните  два меча.

Вечерва на програмата има вистински дерби мечеви, Полска против Аргентина, а Саудиска Арабија против Мексико. Средбите почнуваат од 20 часот, а сите репрезентации имаат шанса за следната рунда.