Connect with us

Фудбал

Џака за дресот Јашари: Не беше политичка порака, ниту провокација

Гранит Џака, по победата на Швајцарија над Србија со 3:2, облече дрес со презимето Јашари. Беше критикуван дека направил политичка провокација, но сепак тој тврди дека не е така. Медиумите, особено во Србија тврдат дека дресот е со презимето на Адем Јашари, основач на УЧК.

-Воопшто не беше политичко. Тоа беше дресот на мојот соиграч Ардон Јашари. Тој е млад играч, со кого одлично се согласувам. Реков дека ако постигнам гол или победиме, ќе го облечам неговиот дрес“, изјави Џака.