Фудбал
Новинарот кој го имаше контроверзното интервју со Роналдо напиша: Не е точно…
Шпанска „Марка“ денеска во текот на денот објави дека Кристијано Роналдо потпишал 2,5 годишен договор со Ал Наср од Саудиска Арабија за годишна плата од неверојатни 200 милиони евра. Сепак, новинарот Пирс Морган, кој го направи контроверзното интервју со Роналдо, поради кое е раскинат договорот со Манчестер Јунајтед, тврди дека тоа не е вистина.
Тој на социјалните мрежи сподели вест за тоа дека Роналдо потпишал за Ал Наср и кусо напиша: Повторно, не е вистина!
Again, not true. https://t.co/bWeLo4IUvp
— Piers Morgan (@piersmorgan) December 5, 2022