Connect with us

Фудбал

Се „тресе“ позицијата на Луис Енрике, две имиња се спомнуваат како негови наследници!

Шпанскиот селектор Луис Енрике би можел да добие отказ по елиминацијата од Светското првенство во Катар, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанија пред почетокот на Мундијалот важеше за репрезентација која може да стигне далеку на турнирот, но натпреварувањето во Катар заврши веќе во осминафиналето.

„Црвената фурија“ е елиминирана од селекцијата на Мароко, по слабото изведување на пенали со вкупен резултат 3:0. По 120 минути игра немаше голови.

Шпанските медиуми пренесуваат дека челниците на Фудбалскиот сојуз на оваа земја се незадоволни од игрите на репрезентацијата во Катар.

Енрике ја презеде Шпанија во 2019 година, а неговиот најдобар резултат со националниот тим беше второто место во Лигата на нации минатата година. Тој ја предводеше Шпанија и до полуфиналето на Европското првенство, каде што беа елиминирани од Италија на пенали.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека има двајца кандидати да го заменат.

Првиот е Роберто Мартинез, кој поднесе оставка од селекторската функција на Белгија, бидејќи неговиот тим не успеа да се пласира во осминафиналето на Мундијалот, а вториот е Марселино Гарсија Торал, поранешниот селектор на Севиља, Виљареал, Валенсија и Атлетик. Билбао.