Connect with us

Фудбал

Голем скандал: Фудбалери „искеширале“ големи суми на пари само да играат на Светското првенство во Катар

Голем скандал го тресе Светското првенство во Катар. Информацијата која ја објави францускиот новинар Роман Молина наиде на голем одзив во јавноста. Според информациите кои ги објави, а кои ги пренесуваат речиси сите медиуми од Франција, неколку фудбалери од Камерун и Гана платиле многу пари за да се најдат на селекторскиот список.

– Одредени репрезентативци на Камерун и Гана платија за настап на Мундијалот. Некои од нив платија само за да бидат на списокот на селекторите – зборува новинарот Роман Молина пред камерата на својот канал на Јутјуб.

Објавени се и имињата на фудбалери кои се осомничени дека искеширале за да се најдат меѓу 26-те најдобри во селекциите на Камерун и Гана. Жером Нгом Мбекели (24) и Суаиба Мара (22), кои имаат одиграно само три натпревари во националниот тим, добија можност да патуваат со репрезентацијата на Камерун. Додека во тимот на Гана, сомнителен е фудбалерот на Челзи, Баба Рахман. Тој беше осомничен и од навивачите на „црните ѕвезди“ кои на социјалните мрежи за време на Светското првенство напишаа дека Рахман платил за учество во Катар за да го привлече вниманието на големите клубови. Поради него на списокот отсуствуваше играчот на Кристал Палас Џефри Шлуп. Дополнителен сомнеж, кога е во прашање селекцијата на Камерун, предизвика однесувањето на тренерот на лавовите, Ригобер Сонг, на конференцијата кога го објави списокот на играчи, кој откри дека не се ни познавал со некои од играчите. Од друга страна, Ото Адо, селекторот на Гана, поднесе оставка по враќањето во земјата, велејќи дека неуспехот на групата и елиминацијата на Црните ѕвезди го смета за неуспех.

Гана и Камерун го завршија натпреварувањето по првата фаза. Камерун поради гол разлика пропушти да влезе во нокаут фазата, додека Гана во групата ја победи Јужна Кореја и загуби од Португалија и Уругвај.