Connect with us

Фудбал

Аргентина стравува пред полуфиналето со Хрватска: Меси би можел да биде казнет!

Познато е дека ФИФА отвори постапки против репрезентациите на Аргентина и Холандија по инцидентот на тој натпревар.

На таа средба судијата Матеу Лахос покажа рекордни 17 жолти картони, но можно е тоа да не заврши тука.

Аргентинците се особено загрижени што Меси беше еден од главните во инцидентите, а особено што негативно го коментираше судењето на шпанскиот судија. Додека Лео за одредени медиуми изјави дека не сака да го коментира судењето, за некои сепак оцени дека Холандија израмни по непостоечки фаул, што според него е продолжение на лошото судење.

Тимот со и без Меси не е ист и нема дилема дека за Аргентина неговото отсуство во полуфиналето би било голем удар.

Во секој случај, познато е дека двајца играчи на „гаучосите“ Гонзало Монтиел и Маркос Акуња поради картони ќе го пропуштат полуфиналето со Хрватска.