Connect with us

Фудбал

Роналдо откри, Гвардиола го одбил Бразил

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо призна дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола бил кандидат за преземање на репрезентацијата на Бразил.

Бразил остана без селектор откако Тите поднесе оставка по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

“Разговарав со Гвардиола и со неговиот стручен штаб, но тој одлучи да го продолжи договорот со Манчестер Сити. На бразилскиот фудбалски сојуз би му било тешко да постигне договор со Гвардиола, бидејќи тој е најплатениот тренер во светот”, изјави Роналдо на својот канал на Јутјуб.