Connect with us

Фудбал

„Треба да те убијат, да те силуваат“ – новинарка од Приштина живее како во кошмар поради критиките кои ги упатила кон Џака по мечот Швајцарија-Србија

Новинарката од Приштина, Зана Авдиу, живее како во црн кошмар откако пред една недела се осмели да го критикува однесување на фудбалерот Гранит Џака по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар.

Оттогаш Зана Авдиу живее под голем притисок, а од пред неколку дена и под полициска придружба.

Едноставно, оваа 29-годишна девојка не е сигурна во животот во Приштина по толку многу закани и стравувања за сопствениот живот.

Сè стана особено зачестено по навредите кои и ги упати таткото на Гранит Џака, Рагип Џака, кој во една емисија јавно и порача: „Треба да внимаваш што пишуваш. Не го познаваш семејството Џака“, пренесува весникот „Зонтагсцајтунг“.

А на Зана на Инстаграм и одговори и братот на Гранит, Таулант Џака, кој игра за Базел и ја објави следнава изјава: „Срамота, немаш албанска крв воопшто.“

За потсетување, Зана Авдиу го опиша однесувањето на Гранит Џака за време и по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија како „срамно и скандалозно“, особено кога се фати за меѓуножјето.

По критиките кои ги упати кон Гранит Џака, добила над 11.000 реакции. Некои обвинуваат дека е платена од Србија. Закани добива најмногу од цела Европа, не само за неа, но и за нејзиното семејство.

– Велат треба да бидам убиен! Дека треба да емигрирам во Србија! Дека треба да бидам силувана. Поднесов жалба за 200 случаи, а веќе имаше неколку апсења – изјави таа во интервју за „SonntagsZeitung“.