Connect with us

Фудбал

Уште половина час до „битката“ за бронзата, познати составите на Хрватска и Мароко (ФОТО)

Со почеток во 16 часот Хрватска и Мароко го играат мечот за бронзениот медал на СП во Катар. Веќе се познати и составите.

Двајцата селектори решија да настапат изменети состави во однос на претходните дуели, најмногу поради проблеми со повреди.

Во Хрватска наместо Брозовиќ од почеток ќе игра фудбалерот на Рен Ловро Мајер. Изненадувања во првиот состав се Мислав Оршиќ, Јосип Шутало и Јосип Станишиќ. На клупата останаа Дејан Ловрен, Јосип Јурановиќ и Борна Соса.

Од мароканскиот тим очекувано недостигаат Мазрауи, Саис и Агерд поради повреди, а останатите двајца мечот го почнаа од клупата, додека Мазрауи го нема ниту во протоколот. Унахи, еден од играчите кои импресионираа на овогодинешното Светско првенство, неочекувано остана на клупата. Шанса да дебитира на Мундијалот ќе добие 18-годишниот фудбалер на Генк, Билал Ел Ханус.