Фудбал
Модриќ прв играч со над 37 години кој ги одиграл сите седум натпревари на Светското првенство
Лука Модриќ играше на сите седум натпревари за Хрватска на Светското првенство 2022.
Триесет и седумгодишниот играч за врска се најде во почетниот состав на „коцкестите“ во денешниот меч со Мароко за третото место на Мундијалот во Катар.
Претходно, само голманите Питер Шилтон (1990) и Дино Ѕоф (1982) забележаа седум настапи на исто Светско првенство на возраст од 37+ години.
На тој начин, играчот од средниот ред на Реал Мадрид стана прв играч кој не е голман,кој играл на сите седум натпревари на турнирот на возраст од 37 или повеќе години.