Фудбал
Сакав да го донесам Меси директно од Доха-Дали е свесен новиот тренер на Роналдо што кажа?! (ВИДЕО)
Руди Гарсија се насмеа кога сфати што кажал пред Ал Наср да го промовира Кристијано Роналдо.
Во последните денови од 2022 година, Кристијано Роналдо официјално потпиша договор со Саудиска Ал Наср, со што стана најплатениот спортист на сите времиња, а пред официјалната промоција – неговиот нов тренер Руди Гарсија го „боцна“ пред новинарите. На шега или не, Гарсија реши да го спомене Лионел Меси, главниот „непријател“ на Кристијано Роналдо, фудбалер за кој знаеше дека секој момент ќе дојде во Ријад.
Со оглед на тоа дека Руди Гарсија е голем фан на Лионел Меси, а тоа никогаш не го криеше, новинарите се интересираа дали тоа ќе ја наруши врската со Кристијано Роналдо: „Се обидов да го донесам директно од Доха“, низ насмевка изјави тренерот.
🎙️ Rudi Garcia (Al Nassr manager) before the day of Cristiano Ronaldo’s signing
“I want to bring Messi directly from Doha, Qatar” pic.twitter.com/2B8iKs0B3t
— World Champions ⭐⭐⭐ (@PREMIUMERZA) January 1, 2023
Многумина сметаа дека е големо непочитување кон Кристијано Роналдо тоа што со овие зборови, дури и на шега, рече дека Меси му е приоритет, додека други ова го гледаат како најава за најголемиот проект во историјата. Ал Наср нема да застане само на Роналдо и во својот фудбал сакаат познати фудбалски фаци во пресрет на кандидатурата за СП и Олимписките игри, па веќе се споменуваше дека друштво на португалскиот гигант може да му прави и Лука Модриќ.
Според првите информации тој го одбил барем до 2024 година, додека ќе видиме дали Ал Наср ќе успее да го донесе Меси, прашање е само дали на Руди Гарсија – или на друг тренер.
Од попознатите играчи, на Роналдо засега ќе му прават Винсент Абубакар, Андерсон Талиска и Давид Оспина.