Ракомет
Македонија ја згази Словачка во гости, Светското првенство е на дофат!
Македонската ракометна репрезентација направи голем исчекор кон обезбедување учество на Светското првенство 2027 година.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Прешов ја победија Словачка со убедливи 31:24.
Победникот се наѕираше уште по првите 30 минути кои нашите ракометари ги завршија со пет голови предност (18:13).
Најефикасни во победничкиот состав беа Филип Кузмановски со десет и Милан Лазаревски со седум голови.
Вториот натпревар од бараж-пресметката ќе се игра на 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Мундијалот ќе се игра во Германија во јануари следната година.