Фудбал
Ибрахимовиќ или Пато
Челниците на италијанскиот калчо гигант Милан се во дилема кога е во прашање купувањето на новиот напаѓач. Седумкратниот европски клупски шампион има обврска да ангажира нов напаѓач за време на зимскиот преоден рок, а се погласни се шпекулациите за можниот камбек на поранешните напаѓач, Златан Ибрахимовиќ и Алесандре Пато.

Сепак, Милан не може да си ги дозволи двајцата. Дилемата е дали да се ангажира Ибракадабра, кој е слободен, но има 37 години и бара плата од 4 мил. евра или Пато кој има 29 години, посакува плата од 7 мил. евра, но се потребни и 25 мил. евра за неговото обесштетување.