Connect with us

Фудбал

Алан наследник на Фернандињо

Бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Алан, е најновата желба на менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Трофејниот шпански стручњак веќе ја започна потрагата по фудбалерот кој ќе биде достојна замена за бразилскиот интернационалец Фернандињо, а деталната анализа покажала дека Алан може да одговори на тој предизвик.

Сепак, големата желба на Гвардиола може да стане реалност само доколку официјалната понуда за одличниот играч за врска не биде помала од 50 мил. евра.