Connect with us

Фудбал

Фабрегас зимски приоритет

Италијанскиот калчо гигант Милан повторно важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Сеск Фабрегас.

Искусниот играч за врска не крие дека не е задоволен од минутажата која има во актуелната сезона и потврдува дека во игра е и опцијата да си замине од “Стемфорд Бриџ” за време на зимскиот преоден рок.

Челниците на Милан се во потрага по неколку играчи со кои би се решил проблемот кој го имаат со повредените фудбалери. Понудата за Фабрегас ќе биде за 6-месечна позајмица со опција да биде откупен неговиот договор на крајот од актуелната сезона.