Фудбал
Анри не е скромен и не ја познава француската лига
Монако е претпоследен во француската Лига 1 и само некакво чудо може да го спаси од преселба во понизок ранг. Голем беше бројот на тие кои беа убедени дека со ангажманот на Тјери Анри, кој јавно покажа дека сака да му помогне на својот поранешен клуб, францускиот гигант ќе се спаси и експресно ќе се врати на победничката патека. Сепак, ваквата теза не беше прифатена од легендарниот голман на Монако и Франција, Жан-Лук Етори.

Етори, кој цели 20 години го чуваше голот на Монако, со кого освои три шампионски титули и беше четвртопласиран на Мундијалот во 1982 година, тврди дека нема никаква скромност во потегот на Анри.
- Иако бевме во тешка ситуација, Жардим беше тој кој можеше да не спаси. Анри можеби не е толку лош избор, но немаше потреба од таква одлука. Жардим си замина прерано, а Анри дојде пребрзо. Не сакам никого да критизирам, но немаше нити малку скромност во неговата одлука да ја прифати понудата на Монако. Тоа што си бил добар играч, не значи дека можеш веднаш да бидеш и добар тренер во лигата која не ја познаваш, изјави Етори.