Connect with us

Фудбал

Хитот од Италија за нов тренер на Барселона

Барселона е во потрага по нов тренер. Италијанскиот весник “Кориере дело Спорт”, ја пласираше информацијата дека актуелниот предводник на каталонскиот гигант, Ернесто Валверде”, ќе си замине од “Ноу Камп” на крајот од актуелната сезона.

И покрај фактот дека под негово водство, Барса ја освои дуплата круна, поголемиот дел од фановите немаат позитивно мислење за поранешниот предводник на Атлетик (М), кој има договор до крајот на актуелната сезона.

“Кориере дело Спорт” во прв план го става актуелниот тренер на Сасуоло, Роберто де Зерби, кој ја воодушеви Италија со своите напредни идеи за модерен и прогресивен фудбал.

Сасуоло во актуелната сезона форсира атрактивен, напаѓачки стил, кој наликува на тој кој Пеп Гвардиола го форсираше додека беше предводник на актуелниот шампион на Шпанија.

За време на летниот преоден рок Де Зерби доби понуда од шпанскиот второлигаш Лас Палмас, но се одлучи за Сасуоло, кој моментално е осмопласиран во Серија А. Својата тренерска кариера Де Зерби ја започна во Палермо, каде беше тренер на само 13 натпревари. Во изминатата сезона го предводеше тимот на Беневенто, со кого освои 21 бод. Како играч, поголемиот дел од кариерата ја помина во Италија и тоа во дресот на Наполи од 2006 до 2010 година.