Connect with us

Фудбал

Вероника го минира трансферот на Рабио

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, е сериозно заинтересиран за услугите на големиот талент од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Адриен Рабио, кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч. Поради таквиот статус, Рабио може да се пресели на “Ноу Камп” без обесштетување, но прво мора да се договорат личните побарувања, односно годишната плата.

Шпанскиот весник “Мундо Депортиво” ја пласираше информацијата дека челниците на Барса никако не можат да најдат заеднички јазик со мајката на Рабио, Вероника, која исто така е и менаџер на повремениот репрезентативец на Франција.

Вероника побарала нереална годишна плата и сега челниците на Барса се во дилема дали да го реализираат веќе најавениот трансфер. Мајката на Рабио уште една покажа дека го има последниот збор кога е во прашање нејзиниот син, а тоа на своја кожа го почуствуваа и челниците на ПСЖ кои со месеци се обидуваа да ја продолжат соработката со големиот талент. Освен каталонскиот гигант, голем интерес за услугите на Рабио покажаа и раководните лица на Манчестер Сити, Јувентус, Баерн (М), Милан и Рома.